Во Шпанија е сè поизвесно – Меси ќе остане во Барселона

Ова лето најверојатно нема да има драма како лани, кога до последен момент не се знаеше дали Лионел Меси ќе остане во Барселона или Аргентинецот ќе си замине од „Камп ноу“. Најавите од Шпанија се дека Меси е пред потпис на нов двегодишен договор со каталонскиот гигант, што значи негово останување до јуни 2023 година.

Актуелниот договор на Меси завршува на крајот од јуни, што значи дека летово тој би бил слободен играч и без никакво обесштетување ќе може да си одбере нов клуб. Сепак, поверојатно е дека Аргентинецот ќе остане верен на клубот во кој ја помина целата досегашна кариера, со кој ги освои сите најзначајни трофеи.

Челниците на Барселона го послушаа Меси со доведувањето на Серхио Агуеро, со кого Меси е соиграч од репрезентацијата на Аргентина. Каталонскиот гигант ќе донесе уште неколку квалитетни играчи и во новата сезона ќе треба да влезе како фаворит за освојување на трофеите во сите натпреварувања во кои ќе биде дел.

Меси најави дека негова најважна работа е Барселона да има квалитетен состав со кој ќе може да атакува на нови трофеи, па тоа полека се остварува, што значи дека капитенот во скоро време би требало да го стави својот потпис на новиот договор.

- Оглас -

Најнови вести