1009 Нотингам форест – Барнли (20:45 ч.)
Иако е почеток на сезоната, овие две екипи веќе играа еднаш, и тоа во Лига купот, а Барнли на гости победи со 1:0. Последните четири меча на овие две екипи се со не повеќе од два гола, а и традицијата од последните 10 средби вели дека дури осумпати било со максимум два погодока.
Во првенството, Нотингам е со две победи и два порази, а Барнли е без бодови од три дуели и со убедливо најслабата одбрана (11 примени гола, што е речиси четири примени погодоци во просек).
Предлог тип: 1Х&1-3 (2.17)
3010 Верона – Болоња (20:45 ч.)
Екипи кои нема да водат некоја лидерска улога во Серија А. Интересно е дека последните три меѓусебни дуели во првенството завршуваат со 2-3 погодоци. Верона игра дома, но Болоња сигурно нема лесно да се предаде. Ова е меч во кој двете селекции имаат свои шанси, па најдобро е да се следи традицијата и да се одигра на голови.
Предлог тип: 2-3 гола (1.97)
1310 Гранада – Жирона (21 ч.)
Гранада има „швајцарско сирење“ одбрана и прими 12 погодоци во четири меча. Од друга страна, Жирона е тимот со најдобра одбрана и само два примени гола. Феноменален е стартот на Жирона со три победи и едно реми, па гостите од Каталонија сигурно се полни со самодоверба дека може да продолжат во ист ритам.
Ова ќе биде нивен прв меч во елитната шпанска лига, а гостите ја имаат улогата на „благ фаворит“.
Предлог тип: Х2&0-3 (1.93)
2806 Оденсе – Силкеборг (19 ч.)
На 13 од последните 14 дуели што ги одигра Оденсе имало барем три погодоци, што покажува дека играат без многу калкулации. Сепак оваа тактика без калкулации не носи многу резултати за Оденсе, кој има само осум бода од седум средби.
Силкеборг нема пораз на последните пет првенствени дуела, но ова сигурно ќе биде голем предизвик за гостите. Погодоците треба да се загарантирани, и тоа во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.80)
3020 Сампдорија – Цитадела (20:30 ч.)
Сампдорија минатата сезона испадна од Серија А, а сега не игра на посакуваното ниво дури и во втора лига. Тимот има само една победа во четири кола, но добро е што овојпат ривал им е Цитадела.
Гостите се екипа која реално нема квалитет за ништо повеќе освен да се бори да остане во лигата, па Сампдорија треба да ги освои трите бода.
Предлог тип: 1 (2.30)