Кадиз победи на гостувањето кај Хуеска во дуелот на двата тима кои влегоа од втората во Примера дивисион во Шпанија. За Кадиз ова е прва прволигашка победа дури од сезоната 2005/06, кога последен пат беа во елитата.
Еден од најзаслужните за триумфот на гостите е голманот Алберто Чифуендес, кој успеа да не прими гол во своето деби во Примера дивисион. Чифуендес стана најстариот дебитант во историјата на шпанската Прва лига.
Голманот е роден на 29 мај 1979 година, што значи дека денеска тој бранеше со 41 година и 114 денови. Единствено постар дебитант во првата лига на Шпанија бил Хари Лов. Англискиот дефанзивец во далечната 1935 година дебитираше за Реал Сосиедад со 48 години и 226 денови.
Чифуендес во Кадиз е од 2015 година, а во кариерата има играно за повеќе клубови, но никогаш претходно не заиграл во елитното шпанско првенство.
1 – Aged 41 years and 114 days old, @Cadiz_CFEN‘s Alberto Cifuentes has become the second oldest player to make his debut in @LaLigaEN, after Harry Lowe in 1935 (48 years and 226 days). Boss. pic.twitter.com/YOG3nVdVXp
— OptaJose (@OptaJose) September 20, 2020