Во Шпанија има дерби кое може многу да одлучи околу трката за титулата

Возбудувањата на Спортска прогноза продолжуваат со двојките од новото 24-то коло. И во ова коло има вкупно 13 интересни натпревари, а предизвикот за секој од прогнозерите е едноставен, треба да се погоди Среќна 13-ка. Тоа значи дека за перфектно прогнозирање, односно погодени сите 13 фиксови, се добива подарок  iPhone 16.

Подароци има и за оние кои ќе имаа 12 погодоци, а тоа е ваучер од Sport Life во износ од 1.000 денари. За 11 погодени парови ваучерот кој ќе се додели е со вредност од 500 денари.

Главен фокус во ова коло ќе биде големото мадридско дерби. Реал на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде домаќин на Атлетико. Кога играат градските ривали, секогаш има возбудувања. Реал ја има фаворитската улога, но тимот предводен од тренерот Диего Симеоне многу често знаел да покаже сила и против најдобрите.

Притисокот е врз Реал затоа што Кралевите се во трка за титулата, каде што заостануваат четири бода зад Барселона. Атлетико е трет и нема шанси за титулата затоа што заостанува дури 13 бода зад лидерот, но Јорганџиите секогаш сакаат да се докажат во градската пресметка против најдобриот мадридски клуб.

- Оглас -

Најнови вести