Во Шпанија има еден меч што е „печен“ за нерешено

1035 Портсмут – Чарлтон (20:45 ч.)

Дуел од Лига еден во Англија, што е трето по ранг натпреварување. Двете екипи се во средината на теренот, без шанси за атак на врвот, но и далеку од зоната за испаѓање.

Во последните три години овие два ривали играле петпати и секогаш било интересно со погодоци. Во тие пет дуели вкупно имало 16 погодоци, односно над три во просек. И сега треба да се очекуваат голови.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.05)

 

2847 ПСЖ – Ница (21:15 ч.)

ПСЖ е фаворит во осминафиналето на Купот, но не треба да се заборави дека Ница е во одлична форма. Ница нанижа шест победи по ред, а пред нецели два месеци успеа да одигра нерешено на „Паркот на принцовите“ во првенствен дуел.

Сепак, ова е дуел од Купот и Светците сигурно нема да сакаат да бидат изненадени.

Предлог тип: 1&0-3 (2.45)

 

2831 Клуж – Ботосани (19 ч.)

Дерби во романското првенство. Клуж е лидер со 58 бодови и перфектен биланс на домашен терен од 11 победи во 11 меча со гол-разлика 19-4. Ботосани е одличен на гости и има само еден пораз во 11 средби (пет победи и пет ремија).

Пет од последните седум дуели на овие две екипи завршиле со не повеќе од два гола. Само двапати во овој период имало средби со 3+. Кога се работи за вакво дерби, ретко кога има голеади.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.02)

 

1321 Ибица – Сарагоса (21 ч.)

Ибица нареди три победи по ред и тимот од долниот дел на табелата сега е во „златната средина“. Сарагоса има само шест порази во 24 кола, но е во долниот дел од табелата поради фактот дека има дури 13 нерешени.

Ако се знае дека и Ибица има 10 нерешени средби, тогаш ова е дуел на два тима кои милуваат да играат без победник. Во пролениот дел овие два тима одиграа 0:0.

Предлог тип: Х (3.00)

 

1830 Браушвајг – Верл (19 ч.)

Во третата германска лига, Браушвајг е со шанси да се бори за влез во повисок ранг, додека за Верл главна мисија ќе биде да не испадне. Верл ја има најлошата одбрана во лигата и во просек прима два гола по меч (46 гола на 23 средби).

Предлог тип:1&3+ (2.40)

- Оглас -

Најнови вести