17.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Во Шпанија ќе биде лудо: Пет тима може да завршат со исти бодови, а еден од нив ќе испадне

Елче и Еспањол се два тима кои сигурно испаѓаат од шпанската Примера во Сегунда дивизија, но кој ќе биде третиот што ќе испадне во втора лига, нема да се знае до последните моменти, последното коло в недела вечер ќе биде лудо.

Има безброј математики, а една од нив вели дека е можно дури пет тима да имаат ист број бодови, по 41. Само еден треба да испадне, а компјутерски е пресметано дека најголеми шанси за такво нешто имаат Валјадолид и Селта. Валјадолид има најмалку бодови од загрозените и затоа е фаворит за преселба во понизок ранг, но ако победи во последното коло дома против Хетафе, ќе се спаси.

Ни Валенсија не е безбедна, не смее да загуби од Бетис бидејќи во евентуален круг со Кадис и Хетафе, Лилјаците испаѓаат. Ако дури пет тима бидат со по 41 бод, а теоретски и тоа е можно, тогаш ќе испадне Селта.

- Оглас -

Најнови вести