Во Шпанија одлучија кои играчи може да се вратат на терен по пандемијата

Секој играч од шпанското првенство пред да му биде дозволено да се појави на теренот, ќе мора да направи три теста за Коронавирусот и на сите три мора да има негативни резултати, односно не е позитивен на опасниот вирус. Враќањето на фудбалот во Примера дивисион се подготвува за крајот на мај или почетокот на јуни, а сите играчи ќе бидат подложни на детални тестирања.

Ако сите три теста бидат негативни, фудбалерите ќе може да се вратат во нормален процес. Првиот тест ќе биде во следниот период, потоа вториот тест треба да биде направен пред да почнат групните тренинзи на екипите, додека третиот тест треба да биде непосредно пред повторното враќање на фудбалските мечеви.

Во Шпанија сигурно нема да биде дозволен влез на навивачи на трибините, па најважно за да се вратат фудбалските возбудувања ќе биде сите фудбалери да бидат негативни на Коронавирусот. Шпанија е втората најзагрозена земја во Европа од овој опасен вирус, веднаш зад Италија.

- Оглас -

Најнови вести