Екипата на Жирона е најпријатното изненадување во шпанското фудбалско првенство. Малиот каталонски тим има шест победи и едно реми без пораз по првите седум кола. Со ваков биланс, Жирона е лидер на табелата со 19 бода, еден повеќе во вториот Реал Мадрид, додека Барселона е трета со 17 бода.
Низ историјата на шпанското првенство ова е само четврти пат еден клуб кој нема освоено титула да има ваков старт по седум кола (шест победи и едно реми). Низ историјата тоа им успевало само на Еспањол во сезоната 1932/33 и 1952/53, како и на Спортинг Хихон во 1979/80 година.
//. ̀. pic.twitter.com/HMMMoAkfne
— Girona FC (@GironaFC) September 27, 2023
Во следното коло Жирона ќе го има најголемиот предизвик. На домашен терен ќе игра против Реал Мадрид во дуел на двете екипи кои се на првите две позиции на табелата.