14.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Во Шпанија се разгледува нов формат, може да има три „Ел Класика“

Промена на форматот во шпанското првенство е реална, соопшти претседателот на шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес. Според Рубиалес, постојат две опции, а тоа е да се намали бројот на екипи во елитниот дел или да се смени форматот на натпреварување. Целта е да се дозволи големите клубови да имаат повеќе простор за настап на европска сцена.

„Треба да размислуваме како да се намали бројот на мечеви во првенството. Во Шпанија играме 38 кола и постојат две опции: да се намали бројот на клубови или да се смени форматот. Сигурно нема да се согласат со намалување на бројот на клубови, па затоа треба да се бара некоја варијанта во која ќе има 33 кола, но и повеќе од само два меча меѓу Барселона и Реал Мадрид. Може да има и трет дуел, можеби на неутрален терен. Треба да седнеме на маса со челниците на шпанската фудбалска лига и да видиме какво решение ќе донесеме. Клубовите треба да разберат дека во период меѓу 2 до 4 години ќе мора да се случат промени во Примера дивисион. Должни сме да најдеме некакво средно решение кое ќе биде во согласност и со УЕФА“, објаснува Рубиалес, кој додаде дека е против идејата за воведување на нова Суперлига на Европа.

Првиот човек на шпанскиот фудбал е задоволен за тоа што во шпанскиот куп веќе со успешност се игра само еден меч до полуфиналните дуели, а не како што беше порано кога во секое коло имаше по две средби. Во таква ситуација кога имаше и реванш во секое коло, страдаа малите клубови кои во двомеч немаа шанси да направат изненадување. Сезонава се виде дека во еден меч од Купот, послабите екипи имаат шанса да направат изненадување. Два меча во шпанскиот куп се игра само во полуфиналето.

 

- Оглас -

Најнови вести