20.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Во Шпанија ваков почеток на првенство не е виден 70 години

Со победата од 3:0 на Барселона против Хетафе, синоќа се комплетира петтото коло во шпанското првенство. Бетис и Селта Виго веќе го одиграа нивниот дуел од шестото коло, а резултатот беше 1:1.

Едноставно од почетокот на новиот шампионат, нема натпревар на кој не е постигнат гол. Сезонава се одиграни вкупно 51 средба, а ниту една не заврши со 0:0.

Вакво нешто во шпанската Примера не е видено во последните 70 години, да нема меч кој завршил 0:0 по првите 50 одиграни дуели во првенството. Рекордот по бројот на одиграни мечеви од почеток на сезоната без меч со 0:0 е од далечната 1955/56, кога морало да се играат дури 74 натпревари за да се дојде до првиот резултат 0:0.

Сезонава засега најефикасен тим е Барселона дури со 16 гола (над три погодоци во просек на меч). Зад каталонскиот гигант следуваат Реал Мадрид и Вилјареал со по 10 гола во досегашниот дел од сезоната. Најлошата одбрана ја има Жирона дури со 15 примени погодоци, а Мајорка досега прими 10 гола.

- Оглас -

Најнови вести