Германски фестивал од голови, песна и радост во Штип – Со стотче до вредна добивка од 1.200 евра

Фестивалот од голови во германскиот куп, или популарниот ДФБ-Покал одлично го предвиде обложувач од Штип и со уплатен тикет  за 100 денари во Sport Life си ќари добивка од 73.340 денари, или малку повеќе од 1.200 евра.

Ризик речиси и да немаше бидејќи на 11 дуели од вкупно 12 во германскиот куп имаше најмалку по 4 голови, а половина од 12-те меча на тикетот ги има и среќниот добитник со уплатен тикет во Штип.

Херта, Холштајн Кил и Дармштад си ја оправдаа улогата на апсолутни фаворити и со петка и две шестки ја наполнија мрежата на противниците и ја најавија радоста во Штип.

Грижи немаше и за мечот во Манхајм, каде што е одиграно 2+ прво полувреме, а резултатот по 45 минути игра беше 2:2. Гол-шоу приредија и играчите на Унион Берлин со победа од 6:0, па веќе беше јасно дека тикетот може да биде добитен. Точно беше прогнозирана и победата на Ѓургарден во шведското првенство и на Рид во Втората австриска лига, па остана само уште Венеција и Катанија да стигнат до 3+ во вечерниот термин.

За радост и убава добивка се погрижи поранешниот играч на Торино Матија Араму со трет гол на мечот во 56-тата минута. Венеција славеше со 2:1, а во Штип се радуваат заслужено на добивка од 1.200 евра.

Нема многу филозофија, полувреме-крај со 3+ за добивка од 1.900 евра во Гостивар

Со 4 типувани и погодени натпревари полувреме-крај, гарнирани со 3+, обложувач во Гостивар со уплата од 150 денари се радува на добивка во Sport Life вредна 1.900 евра.

Драматично беше во Ница и во Клуж, каде што домаќините водеа по првиот дел со по 1:0, а за тројка се погрижија во последните моменти.

Поранешниот бразилски репрезентативец и играч на Баерн, Данте, постигна гол за победа на Ница во 94-тата минута, а Билел Омрани речиси во исто време беше прецизен за Клуж, кој го победи Херманштат со 3:0.

Сент Етјен победи против Дижон на гостински терен со 1:2, па за добивка во Гостивар остана уште само Локомотива во Загреб да слави со Истра, на меч со три или повеќе голови и предност на домаќинот на полувреме.

По првиот дел Локоси имаа предност од 2:0, но кога се чека уште еден гол е најтешко за обложувачите. Го постигна Куже за Истра во 79-тата минута, па сега тикетот е добитен, но виси победата на Локомотива. За радост во Гостивар се погрижија домаќините со уште два гола во финишот и победа од 4:1.

Одмор во Пештани, добивки во Sport Life

Тикет по ист рецепт како гостиварскиот, но со 8 одиграни парови има и во Пештани. Сите 8 двојки на тикетот се погодени со знак 1-1&3+, a интересно е што на сите мечеви имаше и 4+, што би било многу поголема добивка во игра 1-1&4+. Но и вака е одлично за одмор во Пештани и добивка во Sport Life во вредност од 70.575 денари за уплатени 50 денари.

- Оглас -

Најнови вести