6.8 C
Skopje
понеделник, 20 октомври 2025

Во Шведска е ден кога може да се испише историја, „селски клуб“ ја чека титулата

1010 Вест хем – Брентфорд (21 ч.)

Лондонска пресметка на два тима кои се во долниот дел од табелата во Премиер лигата. Вест хем е очаен само со четири бода и најлоша одбрана во лигата со 16 примени гола од седум средби.

Брентфорд е малку подобар и има седум бода досега, а во просек на дуелите на овој тим паѓаат по три погодоци. Од 2021 година досега имаат одиграно девет меча, а Брентфорд е многу поуспешен со шест победи, додека Вест хем се радувал само еднаш.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.00)

 

3010 Кремонезе – Удинезе (20:45 ч.)

Дуел на екипи кои ги дели само еден бод на табелата. Кремонезе има девет бода, а Удинезе е со бод помалку. Тоа што е карактеристично за двата тима е дека негуваат дефанзивна филозофија на игра и главен фокус е да го сочуваат својот гол.

Секако, и сега во прв план ќе биде да не загубат, што значи дека може да се очекува дуел со многу тактизирање.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.96)

 

1310 Алавес – Валенсија (21 ч.)

Алавес игра солидно и со 11 бода е сигурен на средината од табелата. Ова не може да се каже и за Валенсија, која има само осум бода, а со 14 примени гола ја има третата најлоша одбрана во лигата.

Интересно е дека Алавес доминира и во меѓусебните пет меча со Валенсија и има четири победи и само едно реми.

Предлог тип: 1 (2.23)

 

2608 Гетеборг – Мјалби (19:10 ч.)

Меч од 27-мото коло на првенството на Шведска, а Мјалби има шанса да ја искористи првата „шампионска топка“. Мјалби е тим од мало место во Шведска кое има околу 1.000 жители, но е лидер на табелата, и тоа со осум бода повеќе од второпласираниот Хамерби.

Ако Мјалби победи кај Гетеборг, разликата ќе биде 11 бода само на три кола до крајот, што значи дека и теоретски ќе биде обезбедена титулата.

Предлог тип: 2 (2.40)

 

2860 Петролул – Клуж (19:30 ч.)

Две екипи со сосема различна филозофија. Петролол во 12 меча даде само осум гола, а прими 14, додека Клуж во овој период има гол-разлика од 19 дадени и дури 23 примени гола, што значи дека играат отворено и без многу калкулации.

Клуж има четири победи и едно реми во последните пет меча со Петролул, па и сега гостите треба да се поблиску до триумф.

Предлог тип: Х2&2-4 (2.00)

 

- Оглас -

Најнови вести