Во Шведска има меч на два тима кои и пред една недела играа еден против друг

2806 Брондби – Вејле (19.00 часот)

Двата тима во првото коло од новата сезона во данската лига одиграа ефикасни мечеви на кои не успеаја да победат, Брондби ремизираше 3-3, а Вејле загуби со 2-3. Домашните се големи фаворити на хартија, а дека Брондби е во голгетерска форма се покажа и пред четири дена кога разбија косовски Лапи со 6-0 во квалификациите од Конференциската лига. Но, пред еден месец овие два тима одиграа пријателски меч на кој Вејле победи со 2-0. Сепак Вејле цели 15 години нема победа над Брондби на официјален меч.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.00)

 

3307 Раков – Краковија (19.00 часот)

Раков во новата сезона тргна со победа од 2-0, додека Краковија ремизираше 1-1. Овие резултати најавуваат дека вечерва нема да има премногу голови, но нема да биде ни меч без погодоци. Од последните пет нивни меѓусебни дуели кога Раков бил домаќин, дури четири пати било нерешено. Јани Атанасов е член на Краковија, но Македонецот не играше во првото коло против Пјаст.

Предлог тип: 12 I & 1-2 II (2.75)

 

2608 АИК Стокхолм – ГАИС (19.00 часот)

Ова е дуел на два тима кои многу ретко играат нерешено (АИК нема нерешено уште од април), а играа меѓусебе и пред само една недела. АИК има две ремија, ГАИС само едно на 15 меча. Разликата меѓу овие тимови е што АИК е доста поефикасен, но има и многу послаба одбрана од ГАИС, затоа и ГАИС има пет бода повеќе во моментов. На 22-ри јули, ГАИС го победи АИК со 2-0, но ГАИС не е опасен гостин. Кога играат меѓусебе овие два тима, често се случува барем едната екипа да не постигне гол.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.04)

 

4841 Баракас централ – Атлетико Тукуман (20.00 часот)

Баракас во минатото коло одигра нерешено и ја прекина црната серија од четири порази едноподруго, додека Атлетико после низата од четири ремија по ред, триумфираше во минатото коло. Тимот од Тукуман има гол-разлика 6-6 во седум кола, што значи дека никогаш не играат мечеви со 3+ голови. На Баракас проблем му е нападот, имаат дадено само три гола на седум настапи, во последните пет кола дале само еден гол и најнеефикасни се во аргентинската лига.

Предлог тип: 1-2 гола (1.82)

 

5251 Ал Ахли – Керамика Клеопатра (20.00 часот)

Гостите се во добра форма, во последните три кола освоија седум бода од можни девет, но се чини дека позитивниот тренд ќе им заврши вечерва. Ал Ахли нема сериозна конкуренција во Египет, прв е со ист број бодови со Пирамидс, но Ал Ахли има три меча помалку и многу подобра гол-разлика. Ал Ахли има 25 бода повеќе од Керамика Клеопатра и тоа од три одиграни средби помалку. Керамика четири пати гостувала во Каиро кај Ал Ахли и никогаш не дала гол.

Предлог тип: 1 сигурна (1.94)

- Оглас -

Најнови вести