Во Сити се зголемува бројот на незадоволни фудбалери, денеска си оди и Бернардо Силва?!  

Англискиот шампион Манчестер сити во зимскиот преоден рок може да остане без петмина клучни фудбалери кои се незадоволни од статусот во клубот и од менаџерот Пеп Гвардиола, пишуваат англиските медиуми.

Веќе еден играч си замина, и тоа вчера. Жоао Кансело сезоната ќе ја доигра во Баерн Минхен, а германскиот тим налето ќе има можност да го откупи неговиот договор за 70 милиони евра.

Денеска пак во фокусот на јавноста е Бернардо Силва, кој во последниот ден од зимскиот преоден рок исто така би можело да си замине од „Етихад“. Португалецот до Светското првенство во Катар што се одржа во ноември и декември минатата година беше незаменлив дел од првиот тим, но, во во последните 30-тина дена добива сè помала минутажа од Гвардиола.

Шпанецот на неговата позиција шанса им дава на Ријад Марез и на Илкај Гундоган и најверојатно денеска Силва ќе си замине од Сити.

Тоа би било по истиот рецепт како и со Кансело, ќе оди на позајмица од крајот на сезоната со опција да се откупи неговиот договор за 100 милиони евра. Како можна идна дестинација на Португалецот се споменува Барселона, но каталонскиот тим не сака да се обврзе на задолжителен откуп.

Останатите тројца фудбалери кои се незадоволни од својот статус и сакаат да си заминат се: Кајл Вокер, кој има понуда од Фенербахче, Илкај Гундоган, за кого интерес пројавува Баерн Минхен и Ајмерик Лапорт, кој би можело да се врати во Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести