Во Скопје се игра фантастичен турнир, имаше две драми и НБА потези во АБА 2 (Видео)

Двата стартни дуели што се играа во Скопје, во салата „Јане Сандански“, во плејофот во АБА 2 лигата беа исклучително драматични и се решаваа во самиот финиш.

Премиерата ја доби Борац Бања Лука против Младост Земун со 80:79, односно само за еден поен победникот се пласира во полуфиналето.

Мечот го одбележа НБА забивањето на Џош Канингам, што изгледа фантастично со скок преку ривалот од поразениот тим.

Драма имаше и на вториот меч, а Златибор Чајетина го победи Хелиос Домжале со 84:82м со тројка во последниот напад.

Двата победника од првите дуели ќе играат меѓу себе во полуфиналето, а од 18 часот прв меч ќе игра и македонскиот првак МЗТ Скопје против Сутјеска како прв носител на турнирот.

Од 21 часот се игра последното четвртфинале меѓу Широки Бријег и Спарс Сараево.

 

- Оглас -

Најнови вести