Еден оболожувач во Sport Life во скопско Марино вчера креираше перфектен тикет кој му донесе одлична добивка. На тикетот беа одиграни само осум натпревари, но дури седум од осумте квоти беа 2.95 или многу поголеми.
Тикетот е уплатен со само 100 денари, а вкупниот коефициент кој е направен е 9.045, што значи дека бруто добивката изнсува 904.581 денари, додека нето добивката со која си замина експертот од Марино изнесува 768.909 денари, односно околу 12.500 евра.
ЕКСПЕРТ ЗА НЕРЕШЕНИ, СЕ СПАСУВАШЕ НА ДВА МЕЧА СО ГОЛОВИ ВО 90+7 И 90+4 МИНУТА
Одиграни се мечеви од Топ 5 лигите и тоа погоден е нерешениот дуел меѓу Кристал Палас и Борнмут (3:3). Интересно е дека домаќините израмнија на 3:3 со погодок од пенал во 90+7 минута.
Манчестер сити без проблеми со 2:0 славеше над Евертон и овој „кец“ беше единствен со мала квота (1.45). Погодено беше и лондонската пресметка меѓу Фулам и Арсенал и тоа дека на полувреме ќе биде нерешено, а на крајот Арсенал да победи. Топчиите славеа со 1:0 со гол постигнат во 58 минута.
Освен „иксот“ на Кристал палас – Борнмут, погодени се уште четири нерешени резултати. Вилјареал и Бетис одиграа 2:2, а гостите погодокот за реми го постигнаа во 90+4 минута. Многу помирно беше на пресметките меѓу Лече – Сасуоло и Пиза – Верона каде немаше погодоци. Хајденхајм и Вердер одиграа 2:2 и тоа на меч каде сите погодоци беа постигнати во период од 50 до 83 минута.
Олимпик Марсеј убедливо со 6:2 го растури Ле Авр, ама интересно е дека на полувреме беше 1:1. Токму тоа и му беше потребно на обложувачот од Марино, кој одиграл дека ќе биде нерешено во првиот дел, а потоа на крајот Олимпик Марсеј ќе победи.