8.8 C
Skopje
среда, 11 февруари 2026

Во скопско Тафталиџе има обложувачки велемајстор, погодил 27 парови (Фото)

Вистинска драма преживувал обложувач кој уште на 4-ти февруари уплатил 100 денари на тикет со дури 27 фудбалски парови, во објектот на Sport Life во скопската населба Тафталиџе.

На тикетот има мечеви од минатата среда, до вчерашниот ден. Шест дена резултатите му одеа во прилог, а дали тикетот со добивка од над 208.000 денари ќе биде добитен или не, на крај зависеше од исходот на вчерашниот дуел Вест хем – Манчестер јунајтед.

Типувано беше двојна шанса Х2, игра со квота 1.24. Но, воопшто не беше сигурица, домашните водеа до самиот финиш и постоеше реална опасност тикетот да биде недобитен, а тогаш Бенјамин Шешко во 96-та минута даде ретко виден гол за 1-1 и со тоа реми тикетот стана добитен.

- Оглас -

Најнови вести