Во скопско Тафталиџе има обложувачки велемајстор, погодил 27 пара (Фото)

Вистинска драма преживувал обложувач кој уште на четврти февруари уплатил 100 денари на тикет дури со 27 фудбалски парови во објектот на Sport Life во скопската населба Тафталиџе.

На тикетот има мечеви од минатата среда до вчерашниот ден. Шест дена резултатите му одеа во прилог, а дали тикетот со добивка од над 208.000 денари ќе биде добитен или не, на крајот зависеше од исходот на вчерашниот дуел Вест хем – Манчестер јунајтед.

Типувано беше двојна шанса Х2, игра со квота 1.24. Но, воопшто не беше сигурица, домашните водеа до самиот финиш и постоеше реална опасност тикетот да биде недобитен, а тогаш Бенјамин Шешко во 96-тата минута даде ретко виден гол за 1-1 и со тоа реми тикетот стана добитен.

- Оглас -

Најнови вести