Валенсија денеска и официјално го избрка тренерот Марселино Гарсија Торал. Ова е одлука на сингапурскиот сопственик Питер Лим, кој почна да се меша во трансфер-политиката и тактиката на екипата. Лим е добар пријател на светски познатиот агент Жорж Мендеш, кој сега има големо влијание во Валенсија. За нов тренер на Валенсија е назначен Алберт Селадес, кој е клиент токму во фирмата на Мендеш.
Со бркањето на Марселино, многу веројатно е дека ќе следува и заминување на генералниот директор Матео Алемани, како и директорот Пабло Лонгорија. Овие тројца во изминатите две сезони беа најзаслужни што Валенсија се пласираше во Лигата на шампионите, а пред неколку месеци во клупските витрини беше донесен и трофејот од Купот на Шпанија, откако во финалето беше победена Барселона.
Токму Барселона е следниот ривал на Валенсија во меч од Примера. По средбата со Валенсија, следува и првиот меч од групната фаза од Лигата на шампионите на гости против Челзи.