Во Сончевото дерби Мајами хит ќе ја замрзне магијата на Орландо

8001 Орландо маџик – Мајми хит (НБА, 01 часот)

Не се знае чија листа со отсутни кошаркари е подолга, а и двете екипи ќе бидат хендикепирани во новото Сончево дерби на Флорида, како што се нарекуваат кошаркарските пресметки меѓу Орландо и Мајами.

Меџик ја загубија магијата и имаат долга серија од шест порази по ред, или дури 13 на последните 14 меча.

Орландо има поскромен ростер и не може да му се спротивстави на посилниот Мајами со дури 8 отсутни кошаркари.

Предлог тип: 2 (1.50)

 

8400 Бостон селтикс – Голден стејт вориорс (НБА, 01.30 часот)

Голден стејт бие битка за првата позиција на Западот и засега им оди одлично, а ги предводи брилијантниот Стефон Кари.

Новиот рекордер во НБА лигата според бројот на постигнати тројки умешно кормилари со еден од најтрофејните тимови во овој милениум.

Уште кога ќе се врати Клеј Томпсон, Воините повторно можат сериозно да размислуваат и за титулата во НБА.

Бостон кој е најтрофеен тим во историјата заедно со Лос Анџелес лејкерс има исти амбиции, но засега планот не им се остварува. Имаат 50 посто биланс на победи и порази, односно 14-14, но за нив е важно подолго да бидат комплетни.

Тимот што ги има Тејтум и Браун и уште неколку одлични кошаркари може да им ги замрси конците на фаворитите, а ноќеска очекуваме ефикасно дерби на две екипи со одлични офанзивци.

Предлог тип: >213.5 поени (1.97)

 

8401 Атланта хоукс – Денвер нагетс (НБА, 01.30 часот)

Атланта и Денвер си имаат убава традиција на ефикасни меѓусебни дуели, па нема причина Јанг и Јокиќ повторно да не ги предбодат екипите во спектакуларен меч.

Двете големи ѕвезди играат одлично, но и Јанг и особено Јокиќ имаат проблеми со мала поддршка од соиграчите.

Нагетс имаат и многу повредени играчи, па најдобриот центар во Лигата честопати изгледа осамен, иако игра врвна кошарка.

Атланта сезонава игра нешто подобро во одбрана, но против Денвер мечевите се секогаш за кош повеќе.

Предлог тип: >220.5 поени (1.61)

 

1615 Питсбург пингвинс – Бафало сејбрс (НХЛ, 01 часот)

Питсбург во моментов е една од екипите во најдобра форма во НХЛ лигата и е во серија од пет победи по ред.

Тоа го компензираше скромниот старт на Пингвините, па сега се во залет и на поозиција што води во плејоф.

Бафало е во долниот дел од табелата во Источната конференција, иако Сејбрс живнаа малку со две победи по ред.

На Питсбург ќе му недостасува долговечниот Евгени Малкин, но одлично го пополнува уште една голема легенда на клубот, Сидни Крозби. Домаќините имаат подобар тим и ќе ја продолжат убавата серија победи.

Прeдлог тип: 1 (1.75) Супер тип на Sport Life

 

8334 Анахејм дакс – Аризона којотс (НХЛ, 04 часот)

Анахејм повторно наликува на тимот што во некои минати времиња играше најубав хокеј во НХЛ лигата, а Патките сега се втори на табелата во Западната конференција и очекуваат многу успеси во оваа сезона.

Аризона е потоната на последното место со лош ефект од само 12 бода на 28 натпревари и со лоша серија од шест порази по ред.

Анахејм е поквалитетен тим и ќе ја победи лошата Аризона.

Предлог тип:1 (1.55)

 

- Оглас -

Најнови вести