Сплитската полиција, пред, за време и по натпреварот Хрватска – Велс приведе 40 лица, објавија медиумите .
Лицата се приведени поради прекршување на Законот за спречување на нереди на спортските натпревари, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и други закони.
Полицијата соопшти дека на стадионот имало 32.000 посетители, од кои 1.900 биле гостински навивачи.
Натпреварот заврши без победник, откако Велс во 93-та минута преку Броудхед постигна гол за 1:1.
Утринава, хрватските медиуми открија дека било тензично во таборот на Хрватска, а таков испад можеа да видат и гледачите на ТВ екраните кога двајца искусни репрезентативци се пцуеја меѓу себе.
Имено, во последната минута од првото полувреме, Андреј Крамариќ кој го постигна голот на Хрватска, беше себичен и наместо да му додаде на Иван Перишиќ, тој се обиде сам да ја заврши акцијата.
Тој потег го налути Перишиќ кој му упати сочни пцовки на колегата од репрезентацијата.
„Оди во ку*ац, е*и се“, се дел од зборовите на Перишиќ.
Ali Perišić pic.twitter.com/iqd627AybL
— loli // face (@filtersiyeon) March 25, 2023