Во Сплит се подготвува трансфер-бомба: Иван Ракитиќ потпишува за Хајдук!

Поранешниот хрватски репрезентативец Иван Ракитиќ доцна синоќа и официјално го раскина договорот со екипата на Ал-Шабаб од Саудиска Арабија. Триесет и шестгодишниот фудбалер веќе подолг период преговараше со сплитскиот Хајдук, па откако беше пронајден начин како да се финансира богатиот договор, се очекува и негов потпис за екипата од Сплит.

Ракитиќ е роден во Швајцарија и настапуваше за младинските селекции за оваа земја, пред да одлучи да ѝ се приклучи на Хрватска, земјата на неговите родители. Никогаш во својата кариера нема настапувано за хрватски клуб, а неговите родители не се поврзани со Далмација, но целта на неговиот трансфер во Хајдук е конечно да се сруши доминацијата на Динамо Загреб.

Сплит ја чека титулата од хрватското првенство веќе две децении. Оваа сезона го ангажира Џенаро Гатузо за тренер, а трансферот на Ракитиќ значи само продолжување на праксата да се ангажираат големите хрватски фудбалски ѕвезди, кои за волја на вистината веќе се на залезот од кариерата.

Голема желба на Хајдук за овој преоден рок е и ангажманот на Един Џеко, но се чини дека ова ќе остане само желба на раководството на сплитските „бели“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести