Првата етапа од новата акциска понуда на Sport Life, Среќна 13-ка, и официјално го има својот победник. Оливер В. од Неготино со погодена квота од неверојатни 1009.05 и 13 натпревари одиграни во иста игра, на голови 3+, прв мина низ целта и стигна до наградата од 120.000 денари.
– “Ова ми е најголемата добивка до сега. Тикетот ми носеше околу 50.000 денари добивка и тоа е најголемата добивка која сум ја фатил, плус овие 120.000 денари од наградата. Навистина сум среќен и благодарен на најдобрите спортски обложувалници во Македонија, Sport Life. Од почетокот на играта ја бркав главната награда, имав двапати погодено по 11 натпревари, но со овој тикет конечно ми се посреќи и ги погодив сите 13 натпревари.“ – вели Оливер.
Среќниот добитник имаше многу едноставен тикет, сите натпревари со иста игра, но вели тоа е неговиот стил на игра.
– “Секогаш играм на голови. Играм натпревари од чудни лиги, ги знам каде се постигнуваат многу погодоци. Обично пишувам по 50 натпревари на тикет, но овојпат бев одлучен дека ќе погодам најголема квота со 13 меча во Среќната 13-ка, и на крајот така и беше. Во минатото се случувало да промашам по три или четири натпревари од вкупно 50 на тикет и за малку да ми избегаат големи суми.“ – додава Оливер В. од Неготино.
Одличен избор на натпревари и погодени 13-ки имаа и второ и третопласираните Марјан А. со квота од 730.38 и Тони Т. со погодена квота од 687.77. Марјан ја добива втората награда од 60.000 денари, додека Тони првата етапа ја завршува со награда од 20.000 денари.
Сите информации за Среќната 13-ка на Sport Life може да ги најдете на следниов ЛИНК.