Најдобрата обложувалница во Македонија, Sport Life, ги објави квотите за шампиони на претстојниот тениски гранслем-турнир Вимблдон.
Кај мажите, најголеми шанси им се даваат на ланскиот победник Карлос Алкарас и актуелниот лидер на АТП-листата, Јаник Синер. Трет фаворит е Новак Ѓоковиќ, кој лани загуби во финалето, а годинава е шести носител. Само кај нив тројца квотата е едноцифрена и изненадување би било ако некој четврти го освои пехарот на најценетиот турнир на светот кој се игра на тревната подлога.
Кај дамите, прв фаворит за титулата е Сабаленка пред Рибакина, Гоф, Швјонтек и Андреева. Лани победи Крејчикова, која годинава не е баш во форма, но и минатата година не беше во редот на фаворитките и приреди сензација.