Денеска со собирот во хотелот „Дабл три Хилтон“ и официјално започнаа подготовките на фудбалската репрезентација на Македонија за претстојните натпревари во квалификациите за ЕП 2024, а Sport Life веднаш ги објави квотите.
Во септемврискиот квалификациски циклус е предвиденo репрезентациите да одиграат по два натпревари во десетте групи, и Македонија е меѓу нив. Фудбалерите на деветти септември на Националната арена „Тодор Проески“ ќе играат против Италија, додека три дена подоцна ѝ гостуваат на Малта.
Sport Life веќе ги објави квотите за дуелот во Скопје и според нив, Аѕурите се фаворити. Квотата за триумф на Италија во Sport Life изнесува 1,33, додека таа за победа на Македонија е 9,75.
И на последниот дуел меѓу Македонија и Италија, Аѕурите беа големи фаворити, но останаа шокирани. Пред две години, Македонија со голот на Александар Трајковски ја совлада Италија во Палермо во полуфиналето од бараж-пресметките за пласман на Светското првенство кое се играше во Катар.