38.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Во Sport Life излегоа квотите за првите полуфинални мечеви во ЛШ!

Полуфиналните пресметки од Лигата на шампионите во фудбал ќе започнат на 9 мај во Мадрид, со дуел на Реал и Манчестер сити, а овие два тима на 17 мај во Манчестер ќе го играат реваншот, по што ќе се знае кој ќе биде финалист.

Миланските дербија ќе се играат за шест дена, најпрвин на 10, па на 16 мај. На првиот меч официјален домаќин е Милан.

Според квотите во Sport Life, на градските ривали им се даваат исти шанси за победа, а англискиот првак е мал фаворит против бранителот на трофејот. За Реал проблем може да биде што домашната средба со Сити ќе ја игра само три дена по финалето на Купот на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести