Христијан Ѓорѓески е победник на третата етапа на акциската понуда на Sport Life, „Играј за повеќе“ со погодена највисока квота од 1270.95. Тој со овој добитен тикет убедливо го освои првото место и сосема заслужено освои 100.000 денари од Sport Life.
„Немав тактика. Случајно дојдов до првото место. Кога го направив тикетот и кога излезе добитен, воопшто не бев свесен дека ја погодив најголемата квота. Голема благодарност за најдобрите обложувалници, Sport Life, за одличната сума од 100.000 денари“, вели Христијан.
За Христијан ова е највисоката добивка која некогаш ја има освоено на игрите на среќа, а вели дека знае и да ги измеша игрите и спортовите, иако сега до премијата од 100.000 денари дојде со 11 натпревари, на кои имаше одиграно само конечен тип.
„Ова е моја најголема добивка. Ги играм сите спортови и сите игри, често знам да комбинирам, но овојпат среќата сакаше наједноставниот тикет со игри на конечен тип да биде оној добитниот“, додава Христијан.