Во Србија се играше додека не падне гол (Видео)

Многу контроверзии предизвикаа денешните натпревари на белградските ривали Црвена ѕвезда и Партизан во српската фудбалска Суперлига.

Првакот Ѕвезда се мачеше на гостувањето кај Напредак во Крушевац, а тимот кој игра во групната фаза од Лигата на шампионите доби и подарок – пенал во 77-ма минута, кој не беше реализиран. Кога мирисаше на кикс на фаворитот, во 97-мата минута Марко Марин даде убав гол од слободен удар и радоста на белграѓаните беше голема.

Ова е голот на Марин:

https://twitter.com/i/status/1180878443849891850

Откако не дочека кикс на ривалот, Партизан требаше да си ја заврши работата против Вождовац за да остане на еден бод зад лидерот. Но, Вождовац поведе од пенал во првото полувреме. На тимот кој настапува во групите од Лигата на Европа, не му одеше, но сепак во 91-вата минута изедначи и се чинеше дека ќе се спаси од пораз.

Во шестата минута од судиското продолжение, фудбалерите на Вождовац постигнаа гол со кој го шокираа Партизан.

- Оглас -

Најнови вести