Прволигашките возбудувања продолжуваат со два саботни натпревари на стадионите во Струга и Куманово.
Крај Охридското езеро се игра дуел на поранешните шампиони, Струга и Македонија ЃП, а според квотите во Sport Life, домашните се апсолутни фаворити. Стружани имаат квота за победа од 1.30, додека изненадувањето на Македонија ЃП има квота од 7.50.
„Со нетрпение го очекуваме стартот на новиот шампионат. И јас и целиот тим на Македонија ЃП. Мислам дека имаме доста квалитет, од аспект на засилувања, а и оние кои се староседелци во тимот што се вели. Тимскиот дух ни е на високо ниво, подготвени сме максимално, да дадеме се од себе како на овој воведен дуел против Струга ТЛ, така и на секој нареден кој што следува. Убеден сум дека имаме квалитет да се носиме со секого во шампионатот. Се е во наши раце. Ако одиграме како што знаеме и можеме секако ќе бидеме на добар пат. Мотивирани сме и гладни за успех. Што се однесува конкретно до дуелот во Струга, нормално дека нема да биде лесно, напротив. Сепак, планираме од ова гостување да се вратиме со бодови и на позитивен начин да го стартуваме шампионатот.“ – вели фудбалерот на Македонија ЃП, Мартин Талаков.
„Имаме нов тренер и неколку нови фудбалери, но амбициите и целите се исти, Струга Трим Лум е подготвена да се бори за да биде највисоко на табелата. Нема да биде лесно, имаме максимална почит за конкурентите, но исто така и веруваме во своите квалитети. Ќе видиме како ќе се одвива сезоната, а ние сме подготвени уште од стартот да одиме во полн ритам. Со нови идеи во нови победи. Македонија ЃП ни е традиционално незгоден противник. Ги респектираме апсолутно, тие се вратија во Првата лига, но и веднаш се засилија со неколку квалитетни фудбалери. Знаеме дека секој старт е тежок, но верувам дека ќе го дадеме максимумот и дека со помош на публиката ќе успееме да ги освоиме трите бода.“ – вели капитенот на Струга, Буњамин Шабани.
Во Куманово се среќаваат повратникот во прволигашката конкуренија, Башкими, и дебитантот во лигата, Арсими. Домашните се во мала предност, барем според квотите. Победата на Башкими има квота од 1.88, додека деби триумф на Арсими се вреднува со квота од 3.55.