Со точно погодени 15 двојки, и тоа со различни игри, во Струга е остварена добивка на тикет од 423.802 денари. Речиси и да немаше мака да ги погоди, а натпреварите се нижеа како струшки бисери на добитниот тикет.
Почна со очекуваната победа на Јапонија против Виетнам во меч од Азискиот куп, продолжи со лесната победа од 2:0 на Лион против Амиен во купот на Франција, а добивката од речиси 7 илјади евра за уплата од 700 денари беше потврдена со триумфот на Атлетико Мадрид против Хетафе, во градското дерби на Мадрид.
Во Врапчиште нема утка, комбиниран тикет донесе добивка од 159 илјади денари
Во Полошкиот регион има одлични играчи кои честопати остваруваат одлични добивки во Sport Life, a и викендов повторно има одличен прогнозер од Врапчиште.
Тикетот е уплатен за 200 денари, а среќниот добитник направил успешна комбинација од натпревари во живо и мечеви што допрва требало да почнат. Во обложувалниците на Sport Life се нуди и таква можност, па дури и да задоцните со уплата, не ви пропаѓа подготвената комбинација. Еден таков микс во Врапчиште донесе многу радост и добивка од 2.600 евра за уплатени 200 денари.
Не е само НБА атрактивна
Во обложувалницата на Sport Life во Градскиот Трговски Центар во Скопје мајсторски одигран тикет со 12 двојки од европската кошарка донесе одлични 82.511 денари добивка.
На добитниот тикет се одиграни само натпревари во кошарка, и тоа со играта „паѓаат повеќе или помалку кошеви“.
Уплатата е 50 денари, добивката е 1.350 евра, а тикетот е добра потврда дека не е само НБА атрактивна за да се „склопи“ добитен баскет-тикет.