Таџикистанскиот првак Истиклол со победа од 7-0 ја отвори новата сезона и најави дека повторно е доминантен во однос на ривалските клубови, а стартот на сезоната покажа дека главен играч на Истиклол е напаѓачот Манучер Џалилов.
Таџикистан им се придружи на Белорусија, Никарагва и Бурунди како единствени земји во кои првенствата се во тек, а Џалилов со три гола, од кои едниот мошне убав, покажа дека е предобар за во тој шампионат и дека ако продолжи да игра вака, веројатно ќе биде забележан од скаути и може да напрагви трансфер во посилна лига.
Погледнете го акробатскиот гол на Џалилов:
https://twitter.com/i/status/1247957598411907077