Во тајна контролка, Бензема броеше до четири против Хетафе

Реал Мадрид во контролен натпревар од затворен тип славеше со 6-0 против Хетафе. Сите погодоци Кралевите ги постигнаа во првото полувреме, од кои дури четири ги реализира Карим Бензема.

За конечниот резултат на помошниот стадион „Алфредо ди Стефано“, во листата стрелци се запишаа уште капитенот Рамос и младиот Арибас.

На актуелните шпански прваци ова им беше последна подготовка пред да стартуваат со обврските во Ла Лига. Првиот натпревар Реал го игра на гости кај Сосиедад, дуел кој е закажан на 20 септември, во рамки од второто коло.

- Оглас -

Најнови вести