Во текот на целата кариера Пол Сколс добил покана само од еден клуб од Серија А

Пол Сколс е фудбалер кој ќе биде запамтен како дел од „златната генерација“ на Манчестер јунајтед и играч кој целата кариера ја помина во гигантот од „Олд Трафорд“. Во периодот од 1993 до 2013 година, играчот за врска одигра вкупно 718 меча за Манчестер јунајтед, а се израдува на 11 титули во Премиер лигата, како и на уште 14 други значајни трофеи меѓу кои се и двата пехари во Лигата на шампиони во 1999 година и 2008 година.

Играчот кој никогаш не го смени клупскиот дрес објаснува дека немал потреба да си замине затоа што бил во екипа која постојано победувала и освојувала трофеи, но откри дека во текот на 20-годишната кариера слушнал само за една понуда за трансфер.

„Никогаш немав добиено информација дека некој тим има интерес за да ме доведе во неговите редови. Агентот кој го застапуваше Брајан Робсон ме контактираше додека бев на Еврпското првенство 2000 година и ме праша дали би сакал да заминам да играм во Интер. Тоа беше единствената покана која ја имав добиено во текот на кариерата. Потоа ниту еден друг клуб не праша за мене, ниту менаџерот нешто ми спомна. Во текот на кариерата играв во клубот за кого и навивав, постојано освојувавме трофеи, така да…“, вели Сколс.

- Оглас -

Најнови вести