Во тешките моменти се гледаат вистинските лица на луѓето

Селекторот на летонската фудбалска репрезентација, Славиша Стојановиќ, пред дуелот со Македонија, рече дека ги разбира навивачите кои не сакаат да дојдат на стадион и да бидат Летонија, бидејќи се разочарани. Но, тој не пропушти прилика и да ги „боцне“ фановите и некои од своите играчи.

„Ни треба поддршка во овие тешки моменти. Целосно ги разбирам навивачите што не сакаат да дојдат на трибините. На последните мечеви се покажа дека нема многу причини за да дојдат да ни дадат поддршка. Но, генерално за сè во животот, во тешки моменти се гледаат вистинските лица на луѓето. Не мислам на навивачите. Сега сме во ситуација кога на секој меч треба да се докажуваме. Можеби ќе дојде ден кога навивачите ќе се тепаат за билети. Но, ние треба да го направиме првиот чекор“ – вели Стојановиќ.

- Оглас -

Најнови вести