Јапонката Кокона Хираки освои сребрен медал на ЛОИ во Токио во новиот олимписки спорт скејтбординг парк, а таа има само 12 години. Трите медалистки на подумот заедно имаат 44 години, златото го освои 19-годишна Јапонка Јосозуми Сакара, додека трета беше 13-годишната Скај Браун, најмладата олимпијка во историјата на Велика Британија.
Хираки со 12 години и 343 дена е најмлада освојувачка на медал на олимписките игри во последните 85 години. За неа ова не е прв медал во кариерата. Таа кога имаше 10 години стана најмлада медалистка на популарните „Икс игри“ (X games).
Инаку, таа името Кокона го добила по кокосот. Нејзината мајка многу ги сакала тропските земји, па одлучија ќерката да ја крсти по едно овошје.