Американската гимнастичарка Симоне Билс е сосема поинаква личност од таа што беше пред три години. Во 2021 година на ЛОИ во Токио, Билс реши да се повлече поради ментална криза, иако и тогаш беше голема фаворитка за освојување на златниот медал.
Билс сега се подготви и се појави на Игрите во Париз и не згреши. Таа беше предводничка до освојување на тимскиот златен медал.
„Кога завршив со прескокот, почувствував олеснување. Немаше враќање на лошите сеќавања“, рече Билс која сигурно е една од хероините на овие Игри во Париз.