Во Токио се случи најголемата тениска сензација за 2023 година (Видео)

Американскиот тенисер Тејлор Фриц доживеа непријатно изненадување откако во второто коло на АТП 500 турнирот во Токио загуби од домашниот тенисер Шинтаро Моцизуки.

Јапонскиот тенисер е на 215-тото место на АТП-листата и ова му е прва победа над ривал кој е во Топ 10 на АТП. Сензацијата да биде поголема е направена со неверојатен пресврт. Фриц убедливо го доби првиот сет со 6:0 и ништо не делуваше дека може да се случи чудо.

Сепак, во вториот сет, Моцизуки беше подобар со 6:4 и израмни на 1:1. Во третиот сет повторно Фриц беше доминантен и имаше предност од 5:2, но тоа не значеше дека Американецот ќе победи. Јапонецот успеа да се врати, стигна до 5:5, потоа се избори за 6:6 и во тајбрејкот беше подобар со 7:2 за сензационален триумф првиот првиот носител на овој турнир во Токио.

https://twitter.com/i/status/1714972048802398664

- Оглас -

Најнови вести