Реномираната ГГЦ Медиа направи листа на 100 најдобри фудбалери на сите времиња, на која од балканскиот регион има само неколку фудбалери. На врвот на листата е Лионел Меси пред Кристијано Роналдо, додека зад нив се Пеле и Марадона. Во Топ 10 има место и за Алфредо ди Стефано, Чави Ернандес, Јохан Кројф, Луис Назарио де Лима Роналдо, Паоло Малдини и Франц Бекенбауер. И по најдобрите 10 следуваат врвни ѕвезди кои засекогаш ќе се памтат во фудбалот, како што се: Герд Милер, Зидан, Ван Бастен, Платини, Буфон, Матеус, Ди Марија, Гаринча…
Од Балканот најдобро рангиран е Лука Модриќ кој е на 19-тото место. Хрватот пред две години беше и освојувач на Златната топка, а веќе долг период игра на врвно ниво во Реал Мадрид, клуб со кој освои пет титули во Лигата на шампионите.
На оваа листа од Топ 100 има место само за уште еден фудбалер од екс-Југославија и тоа е Дејан Савичевиќ, кој се води како Црногорец и е на 79-тото место на рангирањето. Легендарниот Шандор Кочиш од Унгарија е на 79-тото место, додека листата од Топ 100 се затвора со уште една балканска легенда, а тоа е Ѓорѓе Хаџи од Романија.
GDC media have released their ‘Best 100 players in football history’
Opinions…? pic.twitter.com/pV622aSXK6
— george (@StokeyyG2) September 14, 2023