Во топ 5 најпосетени првенства во Европа има и една втора лига

Актуелната сезона во најсилните лиги во Европа влегува во завршна фаза кога ќе биде познат и расплетот. По досега одиграните мечеви во европските првенства се потврди нешто што веќе со години се знае, а тоа е дека навивачите во Германија најмногу сакаат да одат на стадионите.

Според просечната посетеност, стадионите во германската Бундеслига имаат најмногу публика. Во просек, сезонава натпреварите во Бундеслигата на стадионите имаат по 42.188 гледачи. На второто место на оваа листа е англиската Премиер лига со просек од 41.553 гледачи. Сите останати лиги се многу помалку посетени според просекот.

На третото место е шпанската Примера дивисион со просек од 30.908 гледачи на меч. Во тој ранг е и Серија А со просек од 30.351 гледачи. Кругот од Топ 5 најпосетени лиги се затвора со една втора лига. Јасно е дека станува збор за германската Цвајте, која во просек сезонава на стадионите има по 28.324 гледачи.

- Оглас -

Најнови вести