11.8 C
Skopje
вторник, 30 септември 2025

Во топ лигите има осум непоразени екипи, меѓу нив се Елче, Палас и Кремонезе

Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Барселона, Елче, Кристал палас, Аталанта, Кремонезе и Јувентус се осумте екипи од Топ 5 лигите во Европа кои сезонава уште не знаат за пораз.

За некои од овие тимови не е чудно што уште не загубиле меч во домашните лиги, Баерн е единствен со 100 процентен учинок, има само победи, но за Елче, Кристал Палас и Кремонезе дефинитивно е пријатно изненадување што никој ги нема победено.

Елче е повратник во шпанската Ла Лига, а во првите седум кола има сензационални 13 бода (три победи и четири ремија), доволно за високото четврто место на табелата во моментов.

Палас е добар тим кој го освои и пехарот во „Комјунити шилд“, но ретко кој очекуваше дека по шест кола во Премиер лигата, тие ќе бидат трети на табелата и единствен непоразен тим покрај фаворитите како Ливерпул и Арсенал, кои потрошија многу пари за засилувања.

Во италијанската Серија А има три непоразени, а на листата не се Наполи, Интер или  Милан. Најголемо изненадување е што новиот прволигаш Кремонезе уште е непоразен.

Единствена топ лига во која нема непоразени е француската. Големиот фаворит ПСЖ претрпе еден пораз од ривалот Марсеј.

- Оглас -

Најнови вести