Во Торино хаос: На никого не му беше јасно што се суди, на крајот ВАР системот два пати покажа дека Интер треба да има пенал (Видео)

Интер по првото полувреме има водство со 1:0 на гостувањето во Торино против Јувентус, а првиот дел траеше дури 55 минути. Во финишот на првиот дел беше досуден пенал за Интер по фаулот на Алек Сандро, а главниот судија со помош на ВАР системот покажа на белата точка.

Шчешни го одбрани ударот на Калханоглу, а потоа се случи хаос. Во продолжение по одбранетиот пенал, топката заврши во мрежата, но судијата покажа дека Калханоглу направил фаул во напад.

Кога се чекаше Јувентус да изведе фаул, повторно се јавија од ВАР собата и сугерираа дека Матијс де Лихт прерано влегол во шеснаесетникот, па пеналот мораше да биде повторен. Од вториот обид, Калханоглу даде гол и Интер поведе со 1:0.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри збесна по овие одлуки на судијата.

 

- Оглас -

Најнови вести