Во Торино слета ново засилување: Португалецот е на лекарски прегледи, па следува потпис за Јувентус

Португалскиот интернационалец Франчиско Консеисао ќе биде нов фудбалер на Јувентус откако најпрво треба да ги мине лекарските прегледи во Торино, а потоа се очекува и официјалната промоција.

Она што е интересно за овој фудбалер е тоа што тој летово Порто го купи за 10,5 милиони евра од Ајакс и сега веднаш ќе биде продаден. Тој минатата сезона како позајмен настапуваше за португалскиот тим, а раководството на Порто одлучи да ја искористи можноста да го откупи, а сега и да го продаде веројатно за повисока сума, со оглед на тоа дека вредноста му е 22 милиони евра.

Тијаго Мота за трансферот на Консеисао изјави дека тој ќе биде големо засилување на десната крилна позиција и од него оваа сезона се очекува многу.

- Оглас -

Најнови вести