Сантјаго Солари е најавен како подолгорочно решение на клупата на Реал Мадрид по серијата од 4 победи на исто толку натпревари, но во Тотенхем се уште стравуваат дека Флорентино Перез повторно ќе се обиде да го ангажира нивниот менаџер Маурисио Покетино.
И тоа веќе следното лето, кога споре претпоставките на луѓето од Тотенхем, повторно Реал ќе се обиде да го убеди Покетино да пристигне во Мадрид.
Клубот од Лондон има цврст договор со аргентинскиот стратег, важноста е до 2023 година, но Перез досега многупати докажал дека може да ангажира кого сака и дека не жали пари за да стаса до целта.