Во транс се, а песната им е хит – Ливерпул треба да се стегне за да ја исполни желбата на навивачите на Рајо Ваљекано (Видео)

Навивачите на Рајо Ваљекано се во транс по одличните игри на своите миленици, а Столе Димитриевски и неговите соиграчи се на петтото место во Ла Лига што води во Лигата на Европа на УЕФА.

Не се далеку ниту позициите што гарантираат учество во Лигата на шампионите, а интересно навивачите на Рајо имаат голема желба да играат со еден англиски гигант.

На дуелот со Алмерија што го добија со 2:0 вчера, симпатизерите на Рајо Ваљекано грмнаа од трибините „Следната година ќе играме со Ливерпул“.

Rayo Vallecano fans chanting "Next year it’ll be Rayo vs Liverpool" after reaching 5th position in La Liga from soccer

И тоа е остварливо само ако Ливерпул заигра подобро во Премиер лигата, каде што моментно е на десеттото место, надвор од еврозоната.

На Црвените од „Енфилд роуд“ мисијата ќе им биде тешка бидејќи веќе имаат 10 бода помалку од Тотенхем, кој е петти, а местата што водат во ЛШ се тешко достижни за англискиот гигант.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести