Фудбалерот на Торлак Никола Милановиќ го постигна веројатно најубавиот гол сезонава во било која од српските лиги. Екипата од Кумодража гостуваше кај Бродарец, а гледачите беа сведоци на спектакуларен погодок.
Милановиќ успеа да одземе една топка на средината од игралиштето, направи неколку чекори и потоа се реши да шутира од преку 40 метри. Топката одеше силно кон голот и од пречката заврши во мрежата на домашниот тим.
Токму овој гол на Милановиќ се покажа како клучен за победа на неговиот тим од 2:1.
https://twitter.com/i/status/1705302930117497147