Во третата турска лига „се појави Меси“, даде велемајсторски гол (Видео)

Еден 20-годишен турски фудбалер кој првите фудбалски чекори ги направи во Фенербахче, постигна гол после кој многумина го нарекуваат турскиот Меси и можеби после ова Адар Ајгур ќе се пресели во поголем клуб.

На натпревар од турската трета лига, Ајгур кој е играч на Караманмарашспор, во 84-та минута влезе во акција со топката што ја прими во средина на теренот, ги дриблаше противниците еден по еден и постигна гол за победа на неговиот тим од 1-0.

Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести