1355 Атлетик Билбао – Хетафе (21 ч.)
Самодовербата кај домаќините е на највисоко ниво откако пред 10-тина дена во 72 часа успеаја да ги победат Реал Мадрид и Барселона, а на тој начин да стигнат и до трофејот во Суперкупот на Шпанија. Атлетик Билбао прво направи чудо и со 2:1 го победи Реал, а потоа во финалето иако губеше со 2:1 од Барселона, прво израмни на 2:2, а потоа во дополнителните 30 минути стигна и до триумф од 3:2.
Во ситуација кога Баскијците се пласираа и во следната фаза од Купот, едноставно дуелот против Хетафе треба да им дојде како награда за нови три бода во првенството. Историјата од меѓусебните дуели вели дека Атлетик не се радувал во последните седум меча со овој ривал, но сега е вистински момент за такво нешто.
На седум од последните осум средби на овие ривали немало повеќе од два гола.
Предлог тип: 1&0-3 (2.80)
1115 Викомб – Тотенхем (20:45 ч.)
Тимот на Жозе Мурињо не смее да има никакви проблеми за вечерва да се пласира во следната фаза од ФА купот. Тотенхем гостува кај тимот кој е последен во Чемпионшип. Викомб има само три победи во 23 средби од првенството, а дуелот со Тотенхем им е како награда за добрите игри во Купот.
Овие два тима играа точно пред четири години во ФА купот, а дуелот беше драматичен, но Тотенхем на крајот победи со 4:3. И вечерва треба да има погодоци.
Предлог тип: 2-2&3+ (2.30)
1720 Сошо – Тулуз (20:45 ч.)
Сошо е експерт за нерешени резултати и сезонава во 20 меча, дури 10 пати ремизираше. Одбраната е поквалитетниот дел кај домаќините и ретко дозволуваат да примат повеќе од еден гол. Тулуз е тим кој има квалитет да се бори за место кое води во првата француска лига, а тоа го потврдува и фактот дека на гости нема подобра екипа од нив досега и освои 18 бода од девет средби.
Во првиот дел од сезоната, на теренот на Тулуз беше 0:0, а реално ни сега не би требало да се очекуваат многу погодоци.
Предлог тип: 0-2 (1.65)
3020 Бреша – Монца (21 ч.)
Бреша нареди три порази во последните четири кола и го загуби чекорот со горниот дел од табелата во Серија Б. Монца е во сосема друга ситуација, игра одлично и е со низа од три победи и две ремија во последните пет дуели. Откако на чело на клубот дојдоа Берлускони и Галијани (некогашните први луѓе на Милан), Монца има амбиции за влез во Серија А.
Двете екипи сакаат да играат офанзивно, па нема да биде чудно ако има погодоци во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.98)
1539 Фаренсе – Порто (21:15 ч.)
Гостите имаат многу повредени играчи, но сепак тоа не смее да биде изговор за фаворитот да ги освои трите бода на теренот на екипа која се бори за опстанок. Фаренсе има вкупно 12 бода, но дома игра солидно и има три победи, две ремија и само два порази, што покажува дека на свој терен се опасен ривал.
Речиси 20 години не играле овие екипи меѓу себе, но традицијата вели дека Порто победил седумпати на последните осум средби, и тоа шестпати било без да прими гол.
Предлог тип: 2&2-5 (1.86)