Навивачите на Партизан се незадоволни по поразот во Ниш од Раднички со 0:1, а коментираат дека 27-кратниот шампион пропушти голема шанса да ја намали разликата од 9 бода во однос на вечниот ривал Црвена ѕвезда.
Пред нив е и Војводина, па тимот што има титули во три различни лиги, 11 во Југославија, 8 во првенствата на Србија и Црна Гора и уште толку во српската Прва лига, по сè изгледа ќе остане без титула и четврта година по ред.
https://twitter.com/jakic_strahinja/status/1320781853855535105?s=20
Последната титула на Партизан е од сезоната 2016/17, а оттогаш доминира вечниот ривал на „црно-белите“, Црвена ѕвезда со три домашни пехари по ред.
Вкупно моментно билансот со титули е во корист на Црвена ѕвезда која води со 30:27.