Во трката за титулата во Премиер лигата би можела да решава и гол-разликата!

Фудбалерите на Арсенал и Манчестер сити, по сè изгледа, продолжуваат уште една антологиска трка за титулата во Премиер лигата.

Изминатиов викенд Арсенал загуби дома од Борнмут, додека Сити како гостин го декласира Челзи, па разликата сега е шест бодови, но Граѓаните имаат и натпревар помалку, а во следното коло ги пречекуваат Топчиите.


Математички гледано, ако Сити го победи Арсенал и го добие и заостанатиот натпревар против Кристал Палас на домашен терен, двата тима би имале ист број бодови.

Секако, ако тоа се случи и остане така до крај, шампионот би можел да се одлучува дури и според гол-разликата, која моментално е на страната на Арсенал. Тимот на Артета има гол-разлика +38, а тимот на Гвардиола +35. Сепак, делува навистина тешко да се случи такво сценарио, бидејќи и двата тима имаат уште многу „мини“ до крајот на сезоната.

Треба да се истакне дека Сити има и обврски во ФА купот, на 25 април се среќава со Саутемптон во полуфиналето, додека Арсенал најверојатно ќе продолжи во Лигата на шампионите доколку ја сочува предноста над Спортинг, а потоа во полуфинале би играл против Атлетико Мадрид или Барселона.

Инаку, Манчестер сити математички може да го стигне Арсенал за само девет дена, доколку го победи во недела од 17:30, бидејќи веднаш потоа, наредната среда, гостува кај Барнли, а нивниот натпревар е поместен порано поради споменатиот ФА куп.

До крајот не очекува жестока битка, а првото големо финале е закажано веќе за недела, кога Пеп и Артета повторно ќе ги одмерат силите, помалку од еден месец по финалето од Лига купот во кое славеше Сити.

Кој ќе ја освои титулата во Премиер лигата?

Распоред до самиот крај:

33 коло:

Манчестер Сити – Арсенал

34 коло:

Арсенал – Њукасл
Барнли – Манчестер Сити

35 коло:

Арсенал – Фулам
Евертон – Манчестер Сити

36 коло:

Вест Хем – Арсенал
Манчестер Сити – Брентфорд
Манчестер Сити – Кристал Палас (заостанат натпревар)

37 коло:

Арсенал – Барнли
Борнмут – Манчестер Сити

38 коло:

Кристал Палас – Арсенал
Манчестер Сити – Астон Вила

- Оглас -

Најнови вести