Во трката за „Златната копачка“ води Норвежанец, не е Халанд

Фудбалерот на Бодо Глимт, Амал Пелегрино, во моментов е лидер во трката за „Златна копачка“. Тој сезонава во норвешката лига има дадено 22 гола, што му носи 33 поени.

Но, во норвешкото првенство има само уште шест кола, а поради системот на бодување, јасно е дека Пелегрино нема да ја освои наградата, но барем во моментов  првопласиран и далеку пред својот сонародник и лански освојувач на „Златната копачка“, Ерлинг Халанд, кој е дури 17-ти.

Во топ 5 лигите, еден постигнат гол се множи со два во трката за „Златна копачка“, па затоа Серу Гираси од Штутгарт кој има дури 13 гола сезонава во Бундеслигата, во моментов е трети и има 26 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести